Macedonia

Центарот SOL (Sharing One Language) е непрофитна добротворна организација (charity) основана во 1991 година со цел отварање можност за младите од централна и југоисточна Европа да го усовршуваат англискиот јазик. Идеен творец на оваа организација е Grenville Yeo, кој ја увидел ваквата потреба, но и проблемите со кои се соочуваат луѓето од Југоисточна Европа при влез во Обединетото Кралство и нашол начин да помогне.
Цените на курсовите се прилагодени на животниот стандард на земјите во регионов па се неспоредливо пониски во однос на цените во било кој друг јазичен центар во Британија – ценовникот е на сајтот на SOL (www. sol.org.uk). Во цената ее вклучено се, освен авио-билетот до Британија и визата. Тоа значи дека е вклучен превоз од Лондон до школата во Barnstaple и назад, сместувањето во семејствo и храна, настава, излети и сите екскурзии. Курсевите за ученици се изведуваат во текот на целата на целата година.
Наставникот/ Наставничката кој ќе собере група од 8 ученици оди бесплатно (ја плаќа единствено авионската карта). За сите детали Ве молиме погледнете ја веб страната или обратете се до локалниот координатор за Македонија.
Освен за ученици се организираат и курсеви за наставници (Teacher Trainings) и секако за студенти кои се обучуваат да бидат наставници, а овие курсеви се за време на летото. Истите се со врвен квалитет и силна методолошка и лингвистичка ориентација. Целта е континуиран професионален развој на наставникот заради подобрување на наставата.
Исто така SOL испраќа предавачи во државните училишта со кои соработува (доколку постои интерес и желба) и има можност за нивен подолг престој.
SOL има три центри во Девон (југозападна Англија: Barnstaple, Bideford i Tiverton, сите три мали гратчиња на Атланскиот Океан. Секојдневно се оди на околните места и децата се запознаваат со културата, историјата и животот таму. Покрај тоа одат и на плажа, на шопинг значи има малку време и за забава!
Најважно е што искусни предавачи ги поттикнуваат учениците активно да го користат јазикот, искористувајќи ја приликата што учениците се таму па англикиот е сега сосема реална потреба. Во секој случај значително многу ја зајакнуваат самодовербата на учениците. Лично увидов за време на престојот таму дека концепцијата на курсот е одлична зашто освен наставниците со учениците ‘работат’ и домаќините па и локалното население. Децата добиваат задачи( проекти, интервјуа, анкети) кои ги работат на различни места во градот, или пак преку дадени теми и разговор со домаќините осознаваат многу нови работи. На овој начин се стимулира нивната комуникација и се потенцира важноста на тимската работа.

Голема предност е што SOL се наоѓа во мали места каде луѓето живеат многу мирно, па се срдечни, отворени, многу љубезни и им посветуваат време на учениците .Неделата е семеен ден кога сите прават нешто заедно. Најчесто искуствата се незаборавни.
Постои опција и учениците да останат неколку дена во Лондон по завршувањето на курсовите. SOL можат да помогнат со букирање на хостели (проверени) и давање информации.

Сите информации за курсовите можете да ги најдете на сајтот на SOLK, а ако сте заинтересирани за презентација или пријавување Ве молам да ме контактиратe на jordanoskadragica@gmail.com.

Драгица Здравеска
Координатор на SOL за Македонија

Macedonia